MG4

Electric

Дo  450 km
WLTP потрошувачка
26  min
Брзо полнење до 80%
Нова MSP архитектура
Погон на задни тркала
MG Pilot
Помош за возачот
IT 7 Years Warranty 3x
Агилен електричен хечбек преполн со неверојатни возни карактеристики и паметна технологија.
ДИЗАЈН
Енергичен динамичен дизајн
Разигран и функционален, но простран, MG4 Electric е напредно решение. Тоа е автомобил кој на сите им овозможува да зачекорат во светот на чистата електрична мобилност. Неговите енергични, агилни дизајнерски карактеристики му ја изразуваат на светот виталноста и слободниот дух на овој скоро 100 години стар бренд.

Надворешен дизајн

Препознатливиот EВ дизајн го истакнува MG4 од толпата. Тој го демонстрира новото разбирање на спортскиот дизајн во форма на ЕВ хечбек. Како резултат на тоа моделот е исполнет со „интелигентна виталност“. 

Предна страна која привлекува погледи

Предна страна која привлекува погледи

Острите и препознатливи ЛЕД предни светла во комбинација со незаборавните покажувачи на насока создаваат спортски, но живописен вкупен впечаток. 
Повеќеслоен заден дел

Повеќеслоен заден дел

Футуристичкиот дизајн на задниот дел е незаборавен. Слоевито дизајнираните високи сопирачки светла, двокрилниот спојлер, ЛЕД задните светла и долниот браник со ефект на јаглеродни влакна заедно го создаваат овој единствен уметнички израз. 
Аеродинамичен двобоен кров

Аеродинамичен двобоен кров

Линијата на кровот убаво лебди наназад, издолжувајќи ја целата линија на автомобилот. Во меѓувреме, задниот спојлер се наоѓа директно во протокот на воздухот за да обезбеди максимална аеродинамичност, енергија и агилност на коловозот. 

Систем за осветлување

Острите истакнати делови во форма на триаголник комбинираат футуристички минималистички стил со иновативна технологија. 

Хај-Тек предно светло

Хај-Тек предно светло

Дневното осветлување со 28 ЛЕД светла јасно го дефинира дизајнот на автомобилот. Во меѓувреме, три сета кратки и долги зраци на секоја страна (секоја со свои посебни слоеви) обезбедуваат поосветлен ефект на ноќното осветлување. Ова, во комбинација со 36 ЛЕД вертикални покажувачи на насока, го прави искуството на осветлување исклучително импресивно.
Моќен сет на задни светла

Моќен сет на задни светла

Декоративните светла во форма на крст, заедно со хоризонталното продорно задно светло (составено од 172 ЛЕД диоди), го создаваат овој уникатен, а сепак врвен дизајнерски изглед и впечаток. 

Стил на интериер

Помалку е повеќе. Овој едноставен распоред на интериерот прилагоден на корисникот создава атмосфера управувана од чиста технологија. 

Едноставна, но софистицирана табла со инструменти

Едноставна, но софистицирана табла со инструменти

Таблата со инструменти е дизајнирана да биде лесна, тенка, ја елиминира потребата од сложени декоративни елементи и максимално го користи просторот. Висококвалитетните материјали со рафинирани техники на инсталација дополнително го нагласуваат стремежот на MG4 за едноставност, технологија и квалитет. 
Лебдечка конзола

Лебдечка конзола

Лебдечкиот дизајн на централната конзола ослободува простор, додека истовремено ги интегрира дополнителните функции на едноставен, но ефективен начин. 
Волан со два краци

Волан со два краци

Прилагодлив волан во шест насоки, со интуитивен, минималистички дизајн на функционалните копчиња. 
MG4

MG4

Совршено<span>возење</span>
ИЗВОНРЕДНОСТ
Совршеновозење
Оваа нова чиста електрична MСП (Модуларна скалабилна платформа) архитектура дава  единствена извонредност. Помоќен, попаметен, со подобар дизајн. Задолството во возењето веќе не е ексклузивно за Премиум моделите. Возењето на MG4 Electric ве води на патување до совршенство. 

Извонредност во перформансите

Погонот на задните тркала и моќниот мотор ја обезбедуваат снагата што ви е потребна за секоја ситуација при возењето. 

Погон на задни тркала

Погон на задни тркала

MG4 Electric има дизајн со погон на задните тркала кој обезбедува совршена распределба на тежината и впечатливи пропорции.  Тоа е брзо и динамично возачко искуство (динамичен изглед, дури и кога возилото стои во место). Со база за ракување со високи перформанси, овој RWD систем овозможува идеална распределба на тежината од напред кон назад. Сечењето на свиоците е лесно, благодарение на дополнителната тракција за секојдневните услови. 
E-Мотор со снага од 150 kW

E-Мотор со снага од 150 kW

Со комбинирани 150 kW и 250 Nm чист вртежен момент, MG4 Electric забрзува од 0-100 km/h за само 7,98 секунди.
Обнова на енергија на 3 нивоа

Обнова на енергија на 3 нивоа

MG4 системот за рециклирање на кинетичка енергија (KERS) содржи три нивоа:  лесен, умерен и тежок.  Подигнете ја ногата од педалата за гас и вашиот автомобил ќе забави, повторно собирајќи и враќајќи ја енергијата во батеријата. Ова ја зголемува ефикасноста и контролата, што на крајот го прави автомобилот поедноставен за управување. 

Задоволство при возењето

Прецизно управување, дури и на најтесните патишта. 

Прецизно управување

Прецизно управување

Шасијата нуди извонреден степен на прецизност на управувањето, агилност и удобност на суспензијата. Ова е обезбедено со предна суспензија со подвижна рака, внимателно дизајнирана задна оска со пет врски, плус прецизна координација на сите компоненти. 
Предно и задно оптоварување 50:50

Предно и задно оптоварување 50:50

Подрамката од алуминиумска легура ефикасно ја намалува тежината и го подобрува ракувањето и удобноста. Предното и задното оптоварување во однос 50:50 и ниското тежиште се совршени за ракување во најтешките свиоци. 
5 начини на возење

5 начини на возење

MG4 Electric нуди пет различни начини на возење, вклучувајќи нормален, еко, спортски, снег и прилагоден начин. Гарантирано сето тоа ќе ви овозможи подобро искуство во возењето, без оглед на условите на коловозот. 

Брзина

Напреден систем за сопирање од Continental. Нека вашето возење биде побезбедно. 

Сопирачки дискови на сите тркала

Сопирачки дискови на сите тркала

Опремен со најновиот Continental систем за кочење и сопирачки дискови на сите тркала, MG4 е совршено усогласен со неговата спортска природа. Со големо забавување на влажни патишта, тоа значи пократко растојание при сопирање,  поблиску до 19 m или од 66 km/h дo 0 km/h.  
Гуми со низок отпор

Гуми со низок отпор

Користејќи 17-инчни Continental PCC гуми со низок отпор, MG4 Electric може да помине поголеми растојанија, што не е само корисно за животната средина, туку и ги намалува оперативните трошоци. 
Пасивна безбедност

Пасивна безбедност

Благодарение на високата цврстина на структурата на каросеријата на MG4, сигурната технологија за заштита на батериите и 6 воздушни перничиња, патниците добиваат максимална заштита од тешки повреди. 
Eвро безбедност

Eвро безбедност

MG4 Electric доби безбедносна оцена со пет ѕвездички Euro NCAP. Како резултат на ригорозен процес на тестирање - кој ја испитува безбедноста на децата и возрасните патници, заштитата на ранливите учесници во сообраќајот и функцијата за поддршка при возење - максималната оцена на MG4 ви помага да донесете информирана одлука.
MG Pilot
Паметна технологија
Нема потреба да плаќате дополнително за корисни функции како што се приспособлив темпомат и систем за помош во сообраќаен метеж. Отсега, сметајте ги за стандардни и уживајте во придобивките што ги донесува интелигентната технологија. 
Tехнологија
ТЕХНОЛОГИЈА
Tехнологија
Дигитален кластер и лебдечки екран на допир. Тоа е она напредно чувство за висока технологија кога седите во автомобилот. 
7” дигитална лебдечка инструмент табла

7” дигитална лебдечка инструмент табла

Дигитална инструмент табла, со 7" ЛЦД дигитален екран со сите потребни информации.
Управување со екран на допир

Управување со екран на допир

Лебдечкиот екран на допир од 10,2 инчи со намалена стапка на рефлексија го олеснува читањето, дури и при  силна сончева светлина. 
Apple CarPlay / Android Auto

Apple CarPlay / Android Auto

Останете поврзани во движење со Apple CarPlay или Android Auto. Пренесете ги сите функции на вашиот телефон директно на централниот екран на допир во вашиот автомобил.
MG iSmart
MG iSMART систем за поврзување

Интелигентен мрежен систем кој ја комбинира комуникацијата меѓу возилото, интернетот и корисникот. Дали сте спремни да се поврзете со иднината? 

MG iSmart
Пред поаѓање

Пред поаѓање

Aпликацијата MG iSMART ви помага брзо да го пронајдете вашето возило и да проверите дали е безбедно за возење со притискање на копче. Покрај тоа, можете да го користите далечинскиот управувач за да го поставите клима уредот на удобна температура пред да влезете во автомобилот. 

Побарајте го вашето возило 

Одредете ја точната локација на вашето возило.

MG iSMART Lite
MG iSMART
 

Bluetooth клуч

Користете го вашиот паметен телефон како клуч и дозволете другите да го активираат Bluetooth клучот.

MG iSMART Lite
MG iSMART

Дијагноза на сосотојбата на возилото

Едноставно проверете ја состојбата на вашиот автомобил и уверете се дека е безбеден пред да тргнете на пат. 

MG iSMART Lite
MG iSMART

Планер на рута

Планирајте го вашето патување однапред и синхронизирајте ја вашата рута во возилото.

MG iSMART Lite
MG iSMART

Далечинско управување преку апликација

Вклучете го клима уредот за да поставите удобна внатрешна температура однапред.

MG iSMART

На патот

На патот

Додека ја планирате вашата рута, ќе добивате сообраќајни предупредувања во реално време, водење на рутата и точно време на пристигнување. И не само тоа, апликацијата ви ги нуди сите атракции кои нема да сакате да ги пропуштите попат.  

Поврзана навигација

Примајте ажурирани податоци за сообраќајот во реално време и прецизни пресметки за рутата и времето на пристигнување.

MG iSMART Lite
MG iSMART

*За MG iSMART Lite достапна е само офлајн навигација

 

Интернет атракции

Пронајдете сè што вреди да се посети попат.

MG iSMART

Визуелизација на досегот и информации за станицата за полнење

Не треба да се грижите за досегот – дознајте го вашиот досег и добијте информации за станиците за полнење за вашата рута.

MG iSMART Lite
MG iSMART

На патот

На патот

Не треба да се грижите за досегот – видете точно колку далеку можете да возите, како и податоци за станиците за полнење на вашата рута во реално време. Покрај тоа, можете да користите навигација, да слушате музика во живо, да остварувате повици и да управувате со вашето возило во движење со гласовна контрола, без користење на раце.

Mузика Amazon Prime

Пријавете се на вашата сметка на Amazon Prime račun и слушајте ги најновите песни од вашите омилени изведувачи.

MG iSMART
 

DAB+

Зачувајте ја саканата станица и MG iSMART ќе ве потсети да не ја пропуштите вашата омилена програма.

MG iSMART Lite
MG iSMART

Hotspot

Патниците остануваат без пренос на податоци? Не грижете се, користете пристапна точка во возилото и останете поврзани.

MG iSMART

На патот

На патот

Останете поврзани во движење со Apple CarPlay или Android Auto, кој ги пренесува сите функции на вашиот телефон на централниот екран на допир во вашето возило. И не заборавајте да ја зачувате вашата омилена радио станица DAB+ во апликацијата - таа ќе ве потсети кога е вашата омилена емисија на програмата.

Временска прогноза

Проверете ја временската прогноза на вашата моментална локација или вашата дестинација.

MG iSMART
 

Apple CarPlay i Android Auto

Поврзувањето со паметен телефон е едноставно со вградениот систем Apple CarPlay или Android Auto.

MG iSMART Lite
MG iSMART

Гласовно водење

Уживајте во хендс-фри контрола на музика, навигација, телефон и возило.

MG iSMART Lite
MG iSMART

По пристигнување на дестинација

По пристигнување на дестинација

Не можете да се сетите дали сте го заклучиле возилото? Нема проблем. Можете да го отклучите и заклучите со помош на апликацијата, како и да ја проверите состојбата и досегот на батеријата, за да бидете подготвени за вашето следно патување. Исто така, можете да ги видите сите ваши податоци за возењето, вклучително и колку CO2 сте заштедиле со префрлување на целосно електрична енергија.

Заклучување и отклучување на возилото

Не сте сигурни дали сте го заклучиле автомобилот? Само заклучете го или отклучете го со помош на апликацијата.

MG iSMART Lite
MG iSMART
 

Alarm

Ако дојде до некоја невообичаена активност, ќе се испрати порака до возилото.

MG iSMART

Поставете го планираното полнење

Дали сакате да ја искористите поевтината електрична енергија навечер? Не заборавајте да го поставите распоредот за полнење.

MG iSMART Lite
MG iSMART

*Зa MG iSMART Lite постапка во возилото, а не во апликацијата.

Проверете ја состојбата на возилото

Пред следното патување, проверете го нивото и досегот на батеријата.

MG iSMART Lite
MG iSMART

Електрични <span>перформанси</span>
ПЕРФОРМАНСИ
Електрични перформанси
MG4 Electric со нова целосно електрична MСП (Modular Scalable Platform) архитектура, која ја гарантира вашата безбедност со најнапредна технологија. 

Досег

MG4 може да го овозможи вашето патување со проценет WLTP досег до 450 KM*. Со напредниот систем за управување со батеријата, ова обезбедува стабилен, но ефикасен досег во ладни климатски услови. 

DC брзо полнење 3-фазно AC полнење

DC брзо полнење 3-фазно AC полнење

MG4 овозможува 35-минутни сесии за брзо полнење од 10% дo 80% наполнетост, со максимална моќност од 150 kW.

Достапна е опција за 3-фазно полнење со наизменична струја, со континуирано полнење во текот на ноќта. 
 
Активна решетка

Активна решетка

AGS го контролира и го прилагодува протокот на воздух за да ја подобри аеродинамиката и термичките перформански на возилото. 

Во нормални услови на возење, капаците се затворени за да се намали потрошувачката на енергија, да се продолжи досегот на EV и да се подобри топлинската и акустична удобност. 
 

 

Перформанси на батеријата

Иновативниот распоред на батеријата во хоризонтална положба ја намалува висината на 110 mm, што е пониско отколку во стоечката положба. Тоа создава повеќе внатрешен простор за возачот и патниците. 

Единечна батерија

Единечна батерија

Иновативниот дизајн на батеријата One-Pack се разликува само по висина. Моделите од 51 kWh и 64 kWh ги досегнуваат водечките нивоа во индустријата од 110 mm, целосно искористувајќи го просторот на батеријата, додека ја подобрува стапката на искористување на енергијата. 
Предзагревање на батеријата

Предзагревање на батеријата

Оваа функција го опремува вашиот автомобил за подобрување на ефикасноста во ладни климатски услови.  Кога треба да се полни, батеријата активно се предзагрева за да се подобри ефикасноста на полнењето. 

Безбедност на батеријата

Тестирана според најстрогите европски и меѓународни стандарди за батерии за да се обезбеди безбедно користење на вашето електрично возило. 

 

Тестирано за ладна клима

Тестирана во сурови зимски услови за досегот, времето на полнење и перформансите на возење. Притоа немаше никакви оштетувања на планински терен. 

Нулта загуба на топлина

Нулта загуба на топлина

Безбедноста е на прво место. Ако некоја батериска ќелија ја изгуби термичката контрола, тоа значи дека секој отворен пламен брзо ќе се распрсне. 
Животен век на батеријата

Животен век на батеријата

MG4 има проценети 1500 дo 2000 циклуси на полнење на батеријата, што резултира со исклучително долг век на батеријата. Следете нè на социјалните мрежи или посетете го блогот на MG Life за совети како да го продолжите животниот век на батеријата. 
ZSP Technology Header
КОРИСНОСТ
Корисност
Зголемување на корисноста – е цел на дизајнот на MG4 Electric. Со обезбедена практичност, дури и за долги патувања, MG4 Electric ви нуди пространа внатрешност и бројни карактеристики за патувањето кое претстои. 

Пространост

Со ажурирана целосно електрична архитектура и долго меѓуоскино растојание од 2705 mm, MG4 Electric обезбедува изненадувачка пространост. Сè што ви е потребно да спакувате за пат за секојдневните активности, за секој член на семејството се води сметка. Со неговиот елегантен кросовер хечбек дизајн, подготвени сте за понатаму. 

Пространа кабина

Пространа кабина

Соодветен за петчлено семејство, MG4 Electric може да изгледа компактно и профинето однадвор, но пространата внатрешност на кабината наскоро ќе ве изненади. Преклопните задни седишта во сооднос 60:40 го прави користењето на просторот уште поефикасно. 
Внатрешен простор за складирање

Внатрешен простор за складирање

Кога просторот е ограничен, искорстете ги максимално неговите 28 генијални решенија за складирање, сите дизајнирани да ги одржуваат вашите работи уредни.
Двослоен багажник

Двослоен багажник

Ништо не дава поголемо задоволство од слоевитото складирање со, погодувате, повеќе простор за складирање.

MG4 Electric обезбедува максимален волумен на багажникот од 986 литри.
 

Удобност

Пролет, лето, есен или зима, се грижиме да се чувствувате сосема како дома кога ќе влезете во MG4 Electric.

Топлинска пумпа Клима уред

Топлинска пумпа Клима уред

Со систем за греење со топлинска пумпа, MG4 Electric значително го продолжува досегот на возење со едно полнење на вашиот MG4 кога времето е студено. 
Функции за греење

Функции за греење

Прилагодливите седишта и воланот на MG4 Electric може да се греат кога ви одговара. 
Систем за прочистување

Систем за прочистување

Прочистувачот на воздух на MG4 е инсталиран за да ви обезбеди чист и свеж воздух во текот на целото патување. 

Практичност

V2L

V2L

Со максимална излезна моќност од 2200 W, MG4 Electric е подготвен да го полни секој надворешен уред, со сите дополнителни USB приклучоци што би ги очекувале од овој автомобил. 
360 камера

360 камера

Оваа функција нуди широк агол за едноставно паркирање на вашиот MG4 Electric.
Безжично полнење

Безжично полнење

Со сите дополнителни USB приклучоци, тоа значи дека можете да ги полните вашите уреди додека сте во движење. 
Капацитет на влечење

Капацитет на влечење

Со одобрен капацитет за влечење од 500 kg, можете да ставите сè што ви треба во една мала приколка.  
Влез без клуч

Влез без клуч

Влез без клуч и старт без притисок за ваша безбедност, сигурност и удобност. Безгрижноста доаѓа како стандард со MG4 Electric.
MG4 MG4
Standard

MG4

  • Полнење до 117kW DC
  • Обновување на енергија на 3 нивоа
  • Погон на задни тркала
  • Задна независна суспензија со 5 врски
  • DP-eлектричен серво волан
  • MG Пилот со ACC/TJA/LKA/LDW
  • Лебдечка дигитална инструмент табла од 7"
  • 10" лебдечки екран на допир
  • Автоматски LED предни и задни светла
  • Влез без клуч и едноставен старт

Тука прикажаните слики имаат само илустративен карактер и може да се разликуваат од стандардните спецификации според видот. Ниту едно право не може да се повлекува од фотографиите. MG го задржува правото да ги менува моделите, боите, спецификациите и опремата без претходна најава и без обврска да ги менува автомобилите кои се веќе на пазарот.

MG4 MG4
Comfort

MG4

  • Полнење до 135kW DC
  • Активен капак на решетка (AGS)
  • V2L
  • Кожен волан
  • Задни прозорци за приватност
  • 17" алуминиумски бандажи

Тука прикажаните слики имаат само илустративен карактер и може да се разликуваат од стандардните спецификации според видот. Ниту едно право не може да се повлекува од фотографиите. MG го задржува правото да ги менува моделите, боите, спецификациите и опремата без претходна најава и без обврска да ги менува автомобилите кои се веќе на пазарот.

MG4 MG4
Luxury

MG4

  • Аеродинамичен двоен спојлер
  • Топлинска пумпа
  • Предни седишта со греење
  • Кожен волан со греење
  • 360° камера
  • Навигација во реално време
  • MG Пилот со BSD/RCTA/DOW
  • Безжично полнење
  • Електрично возачко седиште со прилагодување во 6 насоки
  • Полнење на батерија со предзагревање

Тука прикажаните слики имаат само илустративен карактер и може да се разликуваат од стандардните спецификации според видот. Ниту едно право не може да се повлекува од фотографиите. MG го задржува правото да ги менува моделите, боите, спецификациите и опремата без претходна најава и без обврска да ги менува автомобилите кои се веќе на пазарот.

Спецификации

Верзија Standard Comfort Luxury
Димензии и тежина
Должина (mm) 4287 4287 4287
Ширина (mm) 1836 1836 1836
Висина (mm) 1504 1504 1504
Меѓуоскино растојание (mm) 2705 2705 2705
Растојание од тло неоптоварен/оптоварен (mm) 150/117 150/117 150/117
Багажен простор на задниот багажник (расклопен/преклопен, l) 363 / 1177 363 / 1177 350 / 1165
Маса на празно возило (kg) 1655 1685 1685
Најголема технички дозволена маса (kg) 2103 2103 2103
Технички дозволена оптоварена маса на секоја оска (kg) Предна: 935 / задна: 1198 Предна: 935 / задна: 1198 Предна: 935 / задна: 1198
Капацитет на влечење (без сопирачки, kg) 500 500 500
Капацитет на влечење (со сопирачки, kg) 500 500 500
Електричен мотор и батерија
Вид PMSM PMSM PMSM
Максимална нето моќност (kW) 125 150 150
Максимален вртежен момент (Nm) 250 250 250
Вкупна големина на батеријата (kWh) 51 64 64
Максимална моќност на вграден полнач (6,6 kW) - -
Максимална моќност на вграден полнач (11 kW) -
Maкс. DC моќност на полнење (kW) 117 135 135
DC време на полнење (10~80%) 40 min 35 min 35 min
Перформанси
Максимална брзина (km/h) 160 160 160
Забрзување (s, 0 ~ 100 km/h) 7,7 s 7,9 s 7,9 s
EV досег (km, WLTP) 350 450 435
Потрошувачка на енергија (Wh/km) 170 160 166
Верзија Standard Comfort Luxury
Безбедност
Auto hold
EPB
ISOFIX задно седиште со горен појас и долно прицврстување
TPMS
Воздушни перничиња
Предни воздушни перничиња за возачот и совозачот
Странични воздушни перничиња за возачот и совозачот
Странични воздушни завеси
Прекинувач на странично воздушно перниче за совозачот
MG Pilot
Адаптивен темпомат (ACC)
Автоматско сопирање во итни случаи (AEB)
Интелигентна контрола на долги светла (IHC)
Систем за помош при брзина (SAS)
Помош во сообраќаен метеж (TJA)
Предупредување за нестабилно возење (UDW)
Предупредување за напуштање лента (LDW)
Помош за одржување во лента (LKA)
Одржување во лента за итни случаи (ELK) - -
Помош при промена на лента (LCA) - -
Надзор на слеп агол (BSM) - -
Предупредување за заден вкрстен сообраќај (RCTA) - -
Предупредување за заден судир - -
Предупредување за отворање врата (DOW) - -
Светла
LED дневни светла
LED предно светло
Преден покажувач на насока интегриран во предното светло -
Вертикален дизајн на предниот LED покажувач на насока - -
Аголно LED задно светло со декоративно светло -
LED задно светло со целосна ширина со декоративно светло - -
Задно светло за магла
Автоматски сензор за светлина
Високо поставено стоп светло
Помош при паркирање
Заден сензор за паркирање
360° камера со транспарентен поглед на шасијата - -
Безбедносен појас
Предни 3 точки + затегнувач и ограничувач на оптоварување
Задни 3 седишта во 3 точки + затегнувач
Потсетник за преден и заден безбедносен појас
Верзија Standard Comfort Luxury
Погодност
V2L
Преден приклучок од 12V
Светло во багажникот
Сенило за сонце - -
Сенило за сонце со огледало -
Автоматски внатрешен ретровизор против заслепување - -
HVAC
Топлинска пумпа - -
Автоматско управување со клима уред
Електрично подигање на прозорци
Автоматско подигање и спуштање на прозорецот од страна на возачот со заштита од приклештување -
Автоматско подигање и спуштање на сите прозорци - -
Сите прозорци со заштита од отварање - -
Волан
PU - -
Кожа микрофибер -
Волан со греење - -
Мултифункционален волан со 4 опции за прилагодување
Инфозабавен систем
Виртуелна инструмент табла од 7 инчи
DAB+
4 звучници -
6 звучници - -
1 микрофон -
2 микрофони - -
3 USB приклучоци (напред: 1x USB A + 1x USB C / позади: 1x USB A)
Безжичен полнач за мобилен телефон - -
Bluetooth
Пристап
Далечинско заклучување
Влез без клуч
Автоматски старт (возилото стартува со притискање на педалата на сопирачката)
Верзија Standard Comfort Luxury
Возачко седиште прилагодливо на 6 начини
Електрично прилагодливо седиште на страната на возачот - -
Совозачко седиште прилагодливо на 4 начини
Џеб за мапа зад предните седишта - -
Седишта од ткаенина -
PU + седишта од ткаенина - -
Предни седишта со греење - -
Преклопни задни седишта во сооднос 40/60
Верзија Standard Comfort Luxury
Ниско поставен спојлер -
Високо поставен двоен спојлер - -
Преден бришач без коски
Затемнети прозорци
Приватност на задните прозорци -
Активна бленда на решетка -
Надворешни ретровизори
Рачно преклопување + греење -
Автоматско преклопување + греење - -
Верзија Standard Comfort Luxury
215/50 R17 95V -
205/60 R16 96H - -
Aлуминиумски бандажи 17" со двобојни капаци на тркалата -
Челични бандажи од 16“ со црни капаци - -
Сет за поправка на гуми
Верзија Standard Comfort Luxury
Pebble црна Pebble црна
Diamond црвена Diamond црвена -
Medal сребрена Medal сребрена -
Dover бела Dover бела -
Brighton сина Brighton сина -
Fizzy портокалова Fizzy портокалова -
Ande сива Ande сива -
Pebble црна + црна Pebble црна + црна
Diamond црвена со црн кров Diamond црвена со црн кров - -
Dover бела со црн кров Dover бела со црн кров - -
Brighton сина со црн кров Brighton сина со црн кров - -
Andes сива со црн кров Andes сива со црн кров - -
Medal сребрена со црн кров Medal сребрена со црн кров - -
Fizzy портокалова со црн кров Fizzy портокалова со црн кров - -
Верзија Standard Comfort Luxury
Црна
Двојна боја (сива/бела) - -

Пронајдете трговец

Продажен салон на трговска марка
Сервис